Ковачки: Буши да каже како заработил 20.000 евра за ноќевање?

by fokus

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, да каже како успеал да го плати ноќевање од 20.000 евра во луксузен хотел, односно како ги стекнал тие пари. Ова од Буши го побара Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање.

-Секако дека ќе продолжиме да бараме одговорност. Господинот Назим Буши е владин функционер и тој како јавна личност мора да биде одговорен пред граѓаните. Мора да каже како со 20 илјади евра успеал да си го плати тоа ноќевање, односно од каде ги стекнал тие пари и доколку тој не го платил, тогаш кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување. Јавноста ги чека одговорите, рече Ковачки.

Поврзани новости