Власта треба да знае дека амнестија нема да има на криминалот и тие ќе одговараат сите од прв до последен, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во изјава за Канал 5 телевизија.
„Факт е дека Ахмети јасно ја исцрта линијата помеѓу тие што се за и тие што се против носењето на кривичниот законик. Од една страна ги стави сите, вклучувајќи се и себе си како Ахмети како лидер на ДУИ, го стави Зоран Заев, го стави Никола Груевски, а од друга страна го стави актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски каде јасно кажа дека ние сме против и ние тоа го докажавме на самата седница односно гласавме против“, рече Ковачки.
Во однос на уставните измени, Ковачки истакна дека пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ го кажале ставот на седницата на 18-ти август кога гласале против носењето на дневниот ред за гласање на уставни измени.
„Ние сме единствената пратеничка група од опозиција во изминатиот период која влегла со одреден број на пратеници и останала со истиот број на пратеници до крајот на мандатот и така и ќе останеме. Ние нема да попуштиме под никакви закани и уцени“, кажа Ковачки.