Ковачевски: Зошто ВМРО-ДПМНЕ се во коалиција со Левица, која е за Русија

by Fokus

Македонската влада, СДСМ и коалиционите партнери имаат едногласен став дека го осудуваме нападот на Русија врз Украина и го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, вели премиерот Димитар Ковачевски во Утрински брифинг во врска со обвинувањата од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека СДСМ се обидува да ги подели Македонците на про-Руси и контра-Руси.

-Тие обвинувања се без никаква основа. Македонската влада, СДСМ и коалиционите партнери имаат едногласен став дека го осудуваме нападот на Русија врз Украина и го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина. Членка на НАТО сме и ја поддржуваме таа политика, а се приклучуваме и кон меѓународните економски санкции. ВМРО-ДПМНЕ треба да размислат зошто се во коалиција со партијата Левица која е за Русија. Тие го делат народот по партиска и етничка основа. Не поднесуваат извештаи пред народот туку пред нивниот партиски лидер, вели премиерот.

Поврзани новости