Ковачевски – Зеленски: Северна Македонија останува на вистинската страна на историјата

by Fokus

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски заедно со албанскиот колега Еди Рама денеска во Кишињев (Молдавија) имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Ковачевски ја истакна силната поддршка која Северна Македонија ја дава на Украина од почетокот на воената агресија од Русија врз Украина во февруари минатата година.


„Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која на Украина ѝ е потребна”, истакна Ковачевски.

Зеленски се заблагодари за поддршката која украинскиот народ ја добива од Северна Македонија, истакна дека таа доаѓа во клучни моменти.

„Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа” рече тој.

 

Поврзани новости