Ковачевски закажа лидерска средба за понеделеник

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски закажа лидерска средба за понеделник.

-Утре ќе биде испратена покана за лидерска средба. Која ќе биде закажана за понеделник и ќе се разговара за евроатланските интеграции на земјата, за одржување на редовни претседателски и парламентарни избори и за измените на Изборниот законик“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Покана за лидерската, како што рече Ковачевски  ќе биде испратена до претседателите на сите парламентарни политички партии и до собранискиот спикер Талат Џафери.

Поврзани новости