Ковачевски заедно со Вучиќ, Рама, Курти и Спајиќ на состанок во Скопје

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска е домаќин на состанокот на лидерите од регионот посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија.

На Состанокот ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Албин Курти и премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ.

Најавено е присуство и на Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската Комисија, како и Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.

На лидерскиот состанок, видео обраќање ќе има и Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Дополнително, на средбата ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан.

„Ќе присуствуваат и претставници на регионалните организации, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Зaпaден Балкан- 6, УСАИД, потоа Фондација отворено општество, Центарот за Европа, Атлантски совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции, Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка“, соопшти владината прес-служба.

За попладне предвидена е заедничка прес-конференција на лидерите.

Поврзани новости