Ковачевски задоволен од својот рејтинг

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од неговиот рејтинг од пет проценти кој м беше измерен во анкетата ИРИ, според која меѓу политичарите најголем рејтинг има поранешниот премиер, Никола Груевски.

Тој не го коментираше рејтингот на другите политчари, а за својот кажа дека граѓаните ја препознале неговата работа и посветеност.

-Јас можам да го коментирам мојот, кој би кажал дека нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува целиот труд, напор и енергија кога во време на најголема криза се грижи за економска стабилност, обезбедување на енергетска стабилност и топлинска енергија. Анкетата опфаќа 10 месеци од моето назначување во Владата, свесноста растела со прилично голем процент. Во однос на политичките рејтинзи и тоа е респектибилно, со оглед на 10 месечното раководење со Владата, рече Ковачевски.

Поврзани новости