451
Го осудувам отворањето на клубот со такво име, но тој клуб го имаат отворено македонски граѓани, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Така да ако треба да реагираме, тоа треба на македонските граѓани кои живеат во нашата држава и треба да имаат чувство за граѓаните кои имаат резерва кон тоа име. Тоа не се однесува само на овој, туку и на претходни клубови. Како Влада и на политичката партија прво го осудуваме, и тоа е провокација на мала група на луѓе кои не сакаат да имаме добри односи со соседот.
Ние имаме либерален закон за имиња, и сега работиме на нов закон за отворање на клубови. Јас ги повикувам сите пратеници и еврејската заедница да учествуваат во формирање на овој закон, рече Ковачевски.