Односите со ДУИ можам да ги оценам како исклучително коректни, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, додавајќи дека особено продуктиви и професионални релации има со министрите од оваа партија во Владата.
Прашан за мислењето на претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, дека СДСМ и Владата имаат сервилен однос кон ДУИ, Ковачевски рече дека тој (премиерот) не користи таква терминологија.
-Можам да кажам дека ДУИ во Владата има квалитетни министри и дури сега во оваа криза, со оглед на ресорите што ги покрива ДУИ, а кои се најмногу изложени на справување со кризата, сметам дека министрите кои ДУИ ги има предложено се навистина квалитетни… Сервилноста, јас не сум бил дел од владата на Никола Груевски, меѓутоа верувам дека таквиот начин на комуникација и таквиот начин на функционирање повеќе би наликувал на такво време, меѓутоа јас не сум бил дел од тоа време – рече Ковачевски.