Ковачевски за Слупчане: Кој не плаќал, ќе мора да плати!

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски не се согласува со ставот на јавноста дека институциите немаат контрола во сите делови на земјата.

Кој не плаќал ќе мора да ги плати, кој бил на диво приклучен – ќе биде исклучен. Освен Слупчане и Арачиново има и други такви места каде што се решава работата затоа што никој никому не е должен да му плаќа на некој друг електрична енергија.

Ова го истакна премиерот денеска при посетата на Свети Николе.

„Не се работи за интервенција на државните институции, туку за работењето на приватна компанија. ЕВН е приватна компанија која е странска директна инвестиција и која има обврска да испорачува електрична енергија до секое домаќинство во државата како универзален снабдувач. Со оглед на тоа дека во посоченото место имаше проблем со наплатата и со диво приклучување во мрежата, компанијата заедно со надлежното Министерство за економија имаа разговори со градоначалникот на Општина Липково. Според кажувањата на компанијата, градоначалникот и на самите жители, тој проблем е надминат“ – рече премиерот.

 

Поврзани новости