Ковачевски за РТВ Словенија: Големите и стратешки одлуки секогаш носат придобивка за граѓаните

by Fokus

Ние досега сме донеле голем број на тешки одлуки, почнувајќи од 2001 година со Охридскиот рамковен договор, потоа со Преспанскиот договор, со договорот со Грција, како и со прифаќањето на Преговарачката рамка и на Договорот за добрососедство со Бугарија и можам да кажам дека после сите тие договори, Северна Македонија секогаш излегувала како победник, порача премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за РТВ Словенија.

Тој нагласи дека по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор  имаме држава којашто е изградена на принципите на демократско општество каде што секоја етничка заедница и секој граѓанин има еднакви можности за личен и професионален развој, по Договорот од Преспа станавме земја членка на НАТО и сега го гледаме значењето на зачленувањето во НАТО, а по прифаќањето на Преговарачката рамка ги почнавме преговорите со ЕУ, после 17 години чекање.

– Значи секогаш големите и стратешки одлуки носат бенефит за граѓаните, оцени премиерот Ковачевски.

Според него, од големо значење е поддршката што во своите аспирации за полноправно членство во Европската Унија земјава ја добива од страна на пријателите од НАТО и ЕУ.

Поврзани новости