Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека сите документи и сите податоци кои што треба да се достават до надлежните органи во однос на случајот со опожарената модуларна болница во Тетово, се доставени.
„Што се однесува до други кои што беа презентирани, тие ниту биле, ниту се во ингеренции на Владата, туку ги имаат правосудните органи. Владата и јас како премиер имаме објективен став во однос на било кој случај, предмет и поединец и правосудните органи се слободни да одлучуваат согласно со закон и процедурите и врз основа да донесат конечни постапки, без било какво мешање, истакна Ковачевски.
Претседателот на Владата истакна дека ингеренциите во однос на постапувањето на Обвинителството и Советот на обвнителители, се во рамките на Собранието и тоа може да постави прашање до било кој обвинител, особено до републичкиот јавен обвинител и смета дека тој треба да биде апсолутно на располагање во однос на било кој случај.