Ковачевски за новото вработување на Ејупи: Тоа е шовинизам на опозицијата кон жените

by Fokus

Новото вработување на Бесмира Ејупи е шовинизам кон жени на опозицијата која го критикуваше нејзиното ново вработување во државно, односно во МНР. Ова денеска го истакна премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на новинарско прашање.

„На тоа прашање, јас гледам во континуитет и не ми се допаѓа една висока доза на шовинизам од страна на опозицијата. Особено насочено кон жените. Тоа во континуитет се случува и не е добро. И вие искористивте еден израз „некој се вдомил некаде“, но ова јас го сметам за чисто административно прашање во рамките на МНР за што повеќе детали може да ви даде министерот за надворешни работи“, рече Ковачевски.

Поврзани новости