Запрашан за целиот случај со пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно потврди дека се извинил.
Од друга страна, тој упати критики кон лидерот на опозиционерите, Христијан Мицкоски поради неговите напади кон неговото семејство, особено неговата сопруга.
„Кога зборувате од место со други колеги, нештото може да биде протолкувано различно од тоа што сум го кажал. Телефонски и се јавив и се извинив од тоа што го разбрала од тоа што сум го кажал со други колешки. Јас и моето семејство сме под директен напад од Христијан Мицкоски, особено мојата сопруга. Тој знае за здравствените предизвици што ги има мојата сопруга.Кога беше објавен францускиот предлог лани,за мојата ќерка се правеа недолични видеа на Тик-ток. За тоа не барам извинување од Мицкоски“, рече Ковачевски.