Ковачевски за лажните дојави: Тоа се хибридни напади

by Fokus

Интензитетот и опсегот на упатените дојави, како и примерокот кој се применува за дојавите за бомби во земјава, но и во други земји, дава основана претпоставка дека станува збор за хибридни напади, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

-Кога се организирани со ваков интензитет, со толку широк опфат, со таргетирање на места, институции, објекти и градови со голем број на жители, каде што се повторува моделот(примерок) на пораки кои се исти во повеќе држави, а се исти во многу држави, тогаш може да се постави претпоставка дека се работи за хибридна војна, бидејќи ако е изолиран случај на адолесценти на хакери тогаш нема во толку многу држави на толку исти институции во толку исти денови, со толку ист интензитет да се случуваат ако се изолирани случаи, рече на новинарско прашање Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

Поврзани новости