591
Јавноста беше изненадена откако во измените на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кои се наоѓаат во собраниска процедура, стои и дека новинарот може да одговара за навреда ако пренесе нечие „негативно мислење“.
Прашан за тоа, премиерот Димитар Ковачевски даде свое мислење, за како што го нарече, грешно формулирање на терминот.
„Вчера видов коментари за тоа законско решение и за тоа е задолжено Министерство за правда. Тоа решение е предложено од претставници од ЗНМ и други инстуции, но таа формулација не е добра и мислам дека тоа ќе се промени во најбрз можен рок“, рече Ковачевски.