Премиерот Димитар Ковачевски денеска не сакаше да го коментира купувањето на „Соравиа“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој упати на надлежните институции доколку постои било каков сомнеж.
– Доколку некој изрази сомнеж во однос на било која трансакција тогаш за тоа се задолжени институциите кои тоа можат да го испитаат. Доколку имате прашања треба да ги поставите до оние кои се учесници во правниот промет, а тоа се приватните компании коишто учествуваат. Кој чиј роднина е, единствено се проверува во Централниот регистар, а она што најдобро ги потврдува аквизициите на компаниите, тоа е текот на финансиските средства кое единствено се проверуваат преку банките и преку управите во Министерството за финансии – изјави Ковачевски.