Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски во изјава за „Фокус“ вели дека не се повлекува од функцијата по неофицијалните информации дека на денешната владина седница освен што ќе се прогласи кризна енергетска состојба ќе има и разрешувања и оставки на луѓе кои ги водат институциите од енергетскиот сектор. Најспоменувано е името на Ковачевски.
-Не се точни информациите дека се повлекувам од мојата функција, вели тој во краток одговор за „Фокус“.
Од Владата пак велат дека не можат однапред да кажат дали на дневен ред на седницата ќе има разрешувања, затоа што кадровските прашања не се најавуваат на дневен ред.
Рано утрово еден блок на РЕК Битола почна со производство на електрична енергија. Блок 2 сѐ уште се ремонтира, a Блок 3 е неизвесно дали зимава и ќе проработи по пожарот на трафостаницата во РЕК.
Не работи ниту ТЕЦ Неготино, ниту ТЕЦ Осломеј каде се чека на увезениот јаглен. ЕСМ досега потрошила 6,5 милиони евра за увоз на струја.
РЕК Битола има залиха од 40 илјади тони јаглен што според министерот за економија, Крешник Бектеши е доволно за 8 дена работа на двата болка или за четири дена.
С.Т.