Јас еден од сновачите на компанијата „Пиксел“ која е формирана 2017/2018 година, но кога станав министер јас ги отстапив уделите, рече премиерот Димитар Ковачевски за аферата „Броило“ за којашто го обвинува опозицијата.
-Јас сум еден од основачите, и сите тогаш велеа како е можно во Македонија да се направи производство на фотоволтаични модули, бидејќи немало такво производство, ниту експертиза. Не беше лесно да се направи таа фабрика, значи тоа е фабрика која што постои. Во моментот кога јас станав заменик министер за финансии, јас финансиските средства кои што ги имав вложено во таа инвестиција, ги повлеков нормално со банкарски трансфер и ги отстапив сите удели кои што ги имав, вели Ковачевски.
На прашањето дали ќе тужи, Ковачевски вели дека ќе види, односно адвокатите ќе кажат.