Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека сериозни наводи се изнесени откако бизнисменот и екс вицепремиер Кочо Анѓушев се најде на американската црна листа.
„Посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, ниту се чувствувал како член на партијата. Колку што знам, тој беше предлог на Стопанската комора на Македонија. Јас тогаш не бев дел од Владата. Треба да ни биде јасно дека меѓународните институции и стратешките партнери, врз основа на свои информации и наоди, ги носат овие одлуки. Од друга страна и нашите институции имаат обврска да реагираат и испитуваат за секој случај, без никакво влијание врз основа на сите постапки и законитоста за работењето на било кој функционер, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.
На Анѓушев му е забранет влез во САД како што е наведено, „поради вмешаност во значителна корупција“. Влезот во САД им е забранет и на неговата сопруга Елизабета и синовите Ангел и Огнен.