689
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук профил упати честитка за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција.
-Честитки за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција за единство и за значајното учество во унапредување на демократските процеси и за учеството во остварувањето на стратешките интереси на земјата, пишува Ковачевски.
Тој напомена дека ќе продолжат заедно како партнери во владината и парламентарната коалиција.
-Со полн капацитет носиме политики и решенија за сериозните актуелни предизвици и во справувањето со глобалната економска и енергетска криза, напиша на Фејсбук Ковачевски.