Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе ја одбијат поканата за Самитот ЕУ-Западен Балкан?

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва откри дека можно е тој и неговите колеги од Отворен Балкан, македонскиот премиер Ковачевски и албанскиот премиер Рама да не присуствуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во четврток во Брисел.

-Добив официјална покана да присуствувам на состанокот во четврток. Ќе почекам да направиме консултации во рамки на Отворен Балкан, со господин Рама и со господин Ковачевски. Ќе ја консултирам и Владата. Потоа ќе донесеме одлука, дали ќе одиме во Брисел и која ќе биде нашата позиција. Можам да Ви кажам сега што мислам јас, но тоа нема да го сторам пред да се посоветувам со членовите на Владата, а сакам да го чујам и мислењето и на лидерите од Западниот Балкан, да ја видам и чујам нивната позиција, рече Вучиќ.

Претходно денеска, Бујар Османи во интервју за телевизија Телма рече дека Владата утре ќе донесе одлука дали премиерот Димитар Ковачевски ќе оди на Самитот во Брисел.

Поврзани новости