Не сум го запознал никогаш претседателот на Врховниот суд во капацитет на својата дејсност бидејќи се одвоени судската и извршната власт. Доколку било кој бил под притисок на било кого, тоа треба да го каже со име и презиме, вели премиерот Димитар Ковачевски запрашан за вчерашните критики од страна на холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по случувањата поврзани со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која е на чекор до разрешување по постапката од Судскиот совет.
Премиерот вели дека „е во ред ставот на амбасадорот, но дециден е ако има притисок, треба да се каже со име и презиме“.
За падот на владеењето на правото како што рече Јан Коп, „Ковачевски упатува на тие кои што се задолжени за владеењето на правото“.
Премиерот присуствуваше на отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести.