Ковачевски: Во протоколот што стигна во бугарското собрание нема нови услови за нас

by Фокус

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната заедничка прес-конференција со финската премиерка Сана Марин, рече дека нацрт билатералниот протокол кој денеска пристигна во бугарското народно собрание е документ кој, според него, дава насоки и редослед како да се спроведе Договорот за добрососедство.

Според Ковачевски, во истиот нема нови барања, односно услови за Македонија.

-Билатерален протокол, тој е всушност статус и понатамошни чекори во однос на спроведувањето на Договорот за добрососедство. Тој протокол се потпишува на ниво на министерства за надворешни работи и кажува до која фаза сме стигнати и што е наредно. Тоа не е документ – нов договор во кој се додава нешто – вели Ковачевски.

Тој додаде дека преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ во кој се разговара и се става рамка за преговарање за пристапување во ЕУ, а билатералните прашања да се решаваат со државите со кои ги имаме.

-Затоа има и Договор со Бугарија и Преспански договор Грција, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со финската премиерка Сана Марин, одговарајќи на прашањето дали С Македонија се откажа од принципот билатералните прашања да не влегуваат во преговарачката рамка – истакна премиерот.

Поврзани новости