Ковачевски во друштво на Бектеши купи леб, макарони, сирење за 328 денари

by Фокус

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, беа во посета на супермаркетот „Рамстор“ во населбата Капиштец, по повод новите замрзнати цени на тестенините и млечните производи.

Премиерот Ковачевски испазари млеко, леб, макарони. Откако со Бектеши ги разгледа цените, тој купи две пакетчиња макарони, сирење и урда. За целата сметка плати 328 денари.

-Намалени се цените – рече Ковачевски по пазарењето.

Бектеши, пак, констатираше дека мерките со кои се намалуваат цените се почитуваат. Тој најави дека во април ќе следат нови мерки.

-Мерките ќе ги дефинираме со министерот за финансии и премиерот. Оваа криза нема да биде на грб на граѓаните. Ние ќе се откажеме од давачки, компаниите од профити – истакна тој.

Поврзани новости