687
Првиот човек на СДСМ и претседател на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5 упати критики кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ .
„Од првиот ден кога станав кандидат за претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ почна да изнесува лаги и невистини за мене. Јас не ги коментирав, бидејќи моето ЦВ е достапно на интернет. Магистрирав во Скопје, а докторирав во Црна Гора . Татко ми не беше амбасадор во Црна Гора, туку вршител на должност. Јас докторирав во 2008 година, а татко ми уште во 2007 година беше вратен во Скопје“ кажа Ковачевски.