Премиерот Димитар Ковачевски денеска го повтори ставот дека најавениот референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ е за внатрешно партиска употреба. Тој потенцираше и дека оваа опозициска партија заедно со Левица се единствените две партии кои се против влез во ЕУ.
-Прво, Република Северна Македонија на референдум при осамостојувањето се изјасни дека сака независна држава членка на ЕУ и на НАТО. ВМРО – ДПМНЕ е партија која беше против членство во НАТО, сега заедно со нивниот нов коалиционен партнер Левице се единствените две партии кои се против членството во ЕУ и тоа јасно го покажаа при гласањето за предлогот на ЕУ во однос на отпочнувањето на преговорите со Република Северна Македонија. Меѓутоа доминантниот број на пратеници 68 што ги претставуваат граѓаните донесоа одлука Република Северна Македонија да ги отпочне преговорите. Тој референдум што го зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е единствено заради нивна внатрешно-политичка употреба бидејќи нема политичка партија освен неговиот партнер Левица која е против НАТО и ЕУ и е за сојуз Централно-азиски некаков со Русија, да е против ЕУ, рече Ковачевски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба идеолошки да расчисти кај себе дали сака да ја види државава во ЕУ или не.
-Северна Македонија ги почна преговорте и тоа со чист македонски јазик, со заштитен идентите и потврдено не само од нас туку од претседателката на ЕК и од потпретседателот на ЕК, додаде Ковачевски.