Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е единствена неодговорна опозиција во Европа која блокира закони

by Fokus

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски упати критики кон ВМРО-ДПМНЕ, затоа што како што рече, блокираат важни закони.

„ВМРО-ДПМНЕ е единствената неодговорна опозициска партија во Европа којашто блокира закони важни за граѓаните во време на криза. Единствена неодговорна опозиција во цела Европа која што наместо да низ дијалог во Собранието и во собраниските комисии каде што и е местото за носење и унапредување на законските решенија, единствено што прави е блокирање на законите кои што се од интерес на граѓаните и компаниите” рече Ковачевски.

Поврзани новости