678
Заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски денеска говореше за својата кандидатура за претседател на СДСМ. Тој порача дека Алтернатива ќе направи добар избор и ќе одговори позитивно.
„Ние имаме одредба во која сите кандидати ќе го чуваат дигнитетот на членовите и партијата. Ќе се посветам на промоција на мојата програма и комуникација со членовите во партијата. Разговорите ќе продолжат денеска.Оптимист сум, рационален оптимист и работам на решенијата. Длабоко верувам Алтернатива ќе стане дел од мнозинството, тоа ќе претставува стабилна влада“, истакна Ковачевски.