Претседателот на владата, Димитар Ковачевски имаше средба со норвешкиот амбасадор во земјава, Јон Еуген Гелштад, на која разговараа за унапредување на соработката со Норвешка во областа на економијата, правосудството, одбраната – како држави партнери во НАТО.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е констатирано дека пред светот и Европа се големи предизвици на планот на енергетиката и во прехранбениот сектор, поради војната во Украина.
-На средбата е изразена поддршка за напредок на нашата држава во евроинтеграцискиот процес, како прашање од геостратешка важност за регионот и за Европа. Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно посветени на поддршка на животниот стандард на граѓаните во државава и на развојна економија, дека земјата е определена кон негување на добрососедските односи исклучиво на база на принципиелност и на европските вредности, а дека надворешната политика поставена стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ, информира прес-службата на Владата.