605
Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски вечерва ќе има вонредна прес-конференција пред медиумите.
Од Владата засега не откриваат која е причината за прес-конференцијата на премиерот.
„Денеска 28.09.2022 година (среда) во 21:15 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата“, се вели во соопштението.