„Ковачевски ме информираше дека заради лични причини поднесува оставка од генерален директор во АД ЕСМ. Разговаравме уште минатата година, заради големите работни обврски сака да се посвети на семејството. Утрово усмено до мене достави оставка, ќе биде усвоена на следна седница на Влада. Од Влада ќе биде препорачано нов директор да биде избран Васко Стефанов, менаџер по техничка логистика, со големо искуство“ рече на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски за актуелниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
„Сакам лично да му се заблагодарам на Васко Ковачевски во менаџирањето на компанијата во една тешка и деликатна ситуација. Тој и неговите колеги беа достапни 24 часа, за да се носат брзи, ефикасни и ефективни одлуки. Неговата одлука беше донесена од поодамна, уште пред почеток на кризата, јас го информирав Советот за безбедност. Одлучивме менаџмент тимот да управува во кризата заради искуството, и заради одржување континуитет во работата. Сите оние кои ширеа лажни вести, ги демантиравме, на задовоство на сите граѓани и компании“ порача премиерот.