Ковачевски-Вархеји: Евроинтеграцијата не смее да се одлага!

by fokus

Европската интеграција на Северна Македонија не смее да се одлага ниту ден повеќе и затоа е неопходно да се искористат француското претседателство и поволниот амбиент кој постои во моментов за изнаоѓање решенија, порачаа премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји на денешната средба во Лондон, која беше дел од работната агенда за учество на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Фатмир Бесими, премиерот Ковачевски и комесарот Вархеји се согласија дека се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија на релација Скопје – Софија. Како што соопшти владината прес служба, во разговорот беше истакнато дека Западниот Балкан е европски регион и дека интеграцијата на земјите од овој регион подразбира и нивно членство во Европската Унија.

Поврзани новости