504
Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот брифинг со новинарите, коментирајќи ги изјавите на помалите коалициони партнери ДОМ и „Достоинство“ за можно напуштање на Владата, рече дека мнозинството е стабилно.
-Владата е стабилна, внатрешно-партиските работи нема да ги коментирам. Нормално е коалиционите партнери да имаат различни мислења. Во врска со барањето на Стојанче Ангелов треба да седнеме и дополнително да разговараме, рече Ковачевски.
Тој додаде дека предвремени избори нема да има: претседателските избори ќе се одржат во втората половина на март следната година, а парламентарните во втората половина на јуни.