Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека во најбрз можен рок ќе се изнајде решение и начин за на вработените во здравствениот сектор да им се исплатат платите кои сè уште ги немаат добиено поради настанатиот проблем во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).
Како што додаде тој, веќе разговарал и со првиот човек на министерството за финансии, Фатмир Бесими, за решавање на ваквата ситуација.
„Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗО, пред сè, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот, бидејќи во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства од ФЗО по различни основи“, рече Ковачевски на денешната прес-конференција.