Ковачевски утре со Вучиќ, Рама, Курти и Спајиќ во Скопје

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски утре биде домаќин на состанокот на лидерите од регионот посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија.

На Состанокот ќе присуствуваат Александар Вучиќ, претседател на Србија, Еди Рама, премиер на Албанија, Албин Курти, премиер на Косово, Милојко Спајиќ, премиер на Црна Гора.

Најавено е присуство и на Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската Комисија, како и  Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.

На лидерскиот состанок, видео обраќање ќе има и Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Дополнително, на средбата ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан.

„Ќе присуствуваат и претставници на регионалните организации, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Зaпaден Балкан- 6, УСАИД, потоа Фондација отворено општество, Центарот за Европа, Атлантски совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции, Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка“, соопшти владината прес-служба.

За попладне предвидена е заедничка прес-конференција на лидерите.

Поврзани новости