566
Утре претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе има средба со лидерите од владината коалиција, информираат од Владата.
Средбата ќе се одржи во 13:00 часот во свечена сала, во Владата на Република Северна Македонија.
По завршувањето на средбата, премиерот Ковачевски ќе има прес-конференција за медиуми на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција, која ќе се одржи во холот на Владата.