Ковачевски утре ќе го прими Мицкоски во Влада

by fokus

По неколкудневните натегања, премиерот Димитар Ковачевски и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски утре ќе се сретнат во Владата за да разговараат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на енергетската криза.

Ова го откри Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ 24.

-Ексклузивно вечерва откривам дека утре нашиот претседател Мицкоски и неговиот економски тим ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски. Задоволна сум што прв пат во историјата еден опозициски лидер излезе со конкретен предлог за енергетската криза и утре ќе му го претстави на премиерот, рече Кадиевска.

Поврзани новости