Премиерот Димитар Ковачевски вели дека се што ќе значи унапредување на односите помеѓу сите граѓани и на државата ќе биде добра основа за промена на Уставот и порачува дека со членството во ЕУ сите граѓани ќе бидат еднакви и оти треба да се носат одлуки за остварување на таа цел.
При денешната посета на Кичево, одговарајќи на новинарско прашање дали по пописните резултати е можна уставна промена по најавите на албанските партии за бришење од Уставот на 20 проценти, пред се, во делот на употреба на јазикот, Ковачевски наведе дека тоа е регулирано со Законот за употреба на јазиците, а дека процедурата за уставни промени предвидува да се отвори дебата во Собранието помеѓу политичките партии, по што би се вклучиле и експертите.
-Ние сме држава во Европа која што на највисок пиедестал ги има искачено правата на помалите заедници, на сите заедници во државата. За тоа потврда е дека сме држава која што има Министерство за политички систем за права на заедниците, имаме Агенција за јазици, итн, сите оние институции кои обезбедуваат рамноправност и застапеност на сите граѓани без разлика на тоа на кој кој јазик зборуваат и од кое етничко потекло се- нагласи премиерот. Во однос на Уставот, да, има такви најави нормално. Уставот се менува со уставна процедура, значи Собранието да отвори дискусија, најпрвин на политичките партии, а потоа се вклучуваат и експерти, рече Ковачевски.