537
Поранeшениот министер за правда, Бојан Маричиќ вели дека новиот мандатар Димитар Ковачевски успеал да спои различни групи на луѓе во новото раководство. Тој во интервју за Утрински брифинг вели дека не знае дали ќе биде дел од новата влада.
„Дали ќе бидам дел од новата влада ќе каже новиот мандатар. Јас сум на располагање и сум подготвен. Би презел било каква должност која ќе ми се понуди во новиот концепт на мандатарот. Секое време носи нов тим и раководство. Ова е една убава можност за освежување на врвот на СДСМ, има луѓе кои се докажани во својата професија една мешавина на нови кадри“, вели Маричиќ.