Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, кој годинава е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.
Во рамки на Бледскиот стратешки форум, Ковачевски ќе учествува на работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб.
Тој е еден од говорниците на лидерскиот панел што ќе се одржи утре веднаш по отворањето на Форумот. На панелот ќе учествуваат и свои обраќања ќе имаат претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.