Точно е дека претседателката на Судскиот совет која даде оставка, Павлина Црвенковска изнесе одредени квалификации за постоење на политички или деловни притисоци или влијанија, и на неа и стојат на располагање сите институции во државата каде што може тоа да го пријави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
И во делот на обвинителството премиерот потенцираше дека се она за што сметаат дека е надвор од надлежностите кои одредени други институции или организации треба да ги имаат, истото треба да го пријават таму кај што е местото за пријавување.
-Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка изнесе одредени квалификации. Но, и стојат на располагање сите институции во државата, каде што може да пријави доколку кај неа имало политички или деловни притисоци или влијанија, како што таа тоа го изнесе во својата оставка, изјави Ковачевски во одговор на прашање по завршување на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод, делница Неготино-Битола.