Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска потврди дека во четврток ќе ја поднесе оставката, пред собраниската седница закажана за в петок, по што претстои формирањето на техничката влада во времетраење од три месеца.
„Цела влада ќе биде во оставка во четврток околу 10 наутро. Така што никој нема потреба од министрите да поднесува било каква оствка, бидејќи со оставката на претседателот на Владата, целата Влада е во оставка“, рече премиерот Ковачевски.
Оставка во четврток се очекува да поднесе и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој ќе седне токму во фотелјата на Ковачевски.
На седница ќе треба да се избере координаторот на СДСМ – Јован Митрески за нов претседател на Собранието.
Изборот на владата на Џафери би требало да биде направен претстојниот викенд, најдоцна до полноќ на 28 јануари (недела).