Според првичните анализи, премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема да има ценовен шок за граѓаните, особено од првиот и од вториот тарифен блок.
-Во финалната цена на електрична енергија поголемо учество има цената на електрична енергија која ЕСМ ја испорачува на ЕВН, и со оглед на пресметките кои веќе се предадени на Регулаторна комисија за енергетика, како и на пресметките кои ги прават другите учесници од енергетскиот пазар, според првичните анализи сметам дека нема да има ценовен шок за граѓаните, особено од првиот и од вториот тарифен блок. Тоа се оние граѓани кои повеќе штедат и помалку трошат електрична енергија. Третиот тарифен блок ќе биде со можеби мала промена, додека четвртиот тарифен блок, оние граѓани кои многу трошат електрична енергија и можат да си дозволат да плаќаат повеќе електрична енергија заради своите потреби, таму цената ќе биде зголемена, а истовремено цената на електрична енергија за малите потрошувачи, тоа се 70 илјади компании, мали и средни претпријатија кои што вработуваат 98 проценти од вработените во државата, по она што го гледаме од пресметките, таму може да дојде и до намалување на цената на електрична енергија, рече Ковачевски