Премиерот Димитар Ковачевски по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски рече дека по денешната средба заклучил дека ставот на опозициската партија е изменет, а тоа е дека немаат против измени на Уставот.
„Тоа е заеднички заклучок од оваа средба денес и тоа е добро, бидејќи вакви одлуки се на сите политички партии и на целото општество. Ова не епроцес на еден човек и на една политичка партија на една Влада, туку процес во кој треба да учествуваат сите и да обезбедат подобри и попросперитетна иднина на сегашните и идните генерации. Се прави јасна дистинкција дали ќе ја интегрираме државата во ЕУ или ќе ја оставиме изолирана, што сметам дека е добро дијалогот да продолжи и да изградиме еден став дека е најдобро државата да биде интегрирана во ЕУ“, изјави Ковачевски.
Тој рече дека негова лична цел е ЕУ интеграциите да бидат успешни идека ова е стратешка цел и на нашите партнери во НАТО и САД, кои кажаа дека сега има отворен прозорец за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
„Затоа уставните измени се чекор напред на европскиот пат. Со таков чекор станавме членка на НАТО. Се надевам дека како заклучок ќе важи за сите политички партии“, изјави Ковачевски.