Глобалната тинк-тенк организација COSCU, чие седиште е во Хаг, Холандија, соопшти дека поранешниот премиер Димитар Ковачевски станал член на организацијата.
-Со задоволство соопштуваме дека Димитар Ковачевски, поранешен премиер на Северна Македонија, се приклучи на COSCU (Конфедерација на училишта, колеџи и универзитети), како член на Регионалниот советодавен одбор за Европа. Господинот Ковачевски носи богата експертиза и истакнат учинок во јавната служба служејќи како премиер на Република Северна Македонија од јануари 2022 до јануари 2024 година, пишува во соопштението на COSCU.
COSCU се претставува како организација посветена на креирањето политики, образовна дипломатија и агенди за геоедукација.
-Преку нашите основни приципи на ангажираност, раст и прифаќање, ние се стремиме кон прифаќање на родовата еднаквост, еднаквите можности и поддршка за општеството. Експертизата на господинот Ковачевски и лидерството без сомнение ќе ги зајакнат нашите напори, особено иницијативите во нашиот тинк-тенк насочени кон обликување образовни политики и негување на меѓународната соработка. Со нетрпение ги очекуваме неговиот непроценлив придонес како што се стремиме кон ангажираност, раст и прифаќање на иднината на образованието ,стои во соопштението.
Во организацијата COSCU се посветени на обликување на иднината на образованието глобално.