Софтверот „Предатор“ во институциите не се користи, истакна попладнево премиерот Димитар Ковачевски во Собранието, на седницата посветена на пратенички прашања.
„Врз основа на писмени документи од Агенцијата за национална безбедност и од Оперативно-техничка агенција (ОТА) како Кабинет бевме информирани дека софтверот ‘Предатор’ во институциите не се користи“, рече Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот рече дека ОТА е воведена во земјава по историскиот најголем скандал со прислушувањето. Потсети на нејзините законски активности и додаде дека изборот на нејзиниот менаџмент се прави од Собранието, со двотретинско мнозинство, а не од Владата.
Ковачевски рече дека по барање на Комисијата за следење комуникации, Обвинителството веќе постапува за да може да ги собере сите податоци изнесени како дилеми од страна на пратениците, членови на Комисијата.