Ковачевски со Зечевиќ ја презентира програмата

by fokus

Кандидатот за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски од денеска од скопски Карпош почна да ја презентира програмата пред членовите на СДСМ.

-Резултатот на локалните избори ни покажа дека мора да ги менуваме работите. Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените, објави Ковачевски на својот Фејсбук профил.

Тој најавува комплетно ревидирање на функционирањето на месните одбори, функционалноста на партиските комисии и редовни консултации.

-Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да не евалуираат нас раководството и ние да постапуваме.

Функционалноста на партиските комисии мора целосно да се ревидира и истите да се активираат како основни тела за креирање и евалуирање на политиките на партијата. Партијата мора да биде генератор на идеи и мора да зајакне до таа мера да биде столб не политиките во државата.

Редовни консултации и постојани партиски активности се потребни на секое ниво. Партијата ќе работи паралелно со институциите и ќе им помага на нашите функционери. Мора да ја подобриме координацијата и соработка на релација Влада – Локална самоуправа – Партија, најавува Ковачевски.

Заедно со него на презентацијата на програмата е и поранешниот советник на премиерот во оставка и поранешен директор на УБК, Миле Зечевиќ кој најави дека ќе се кандидира за лидер на партијата, но се повлече.

Поврзани новости