Премиерот Димитар Ковачевски негира дека на вчерашната средба со в.д. лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари разговарале за нивни влез во Владата.
-Вчера имавме состанок со Таравари во Владата, а после тоа имаше некои шпекулации во јавноста околу тоа за што сме разговарале. На средбата разговаравме токму за тоа за што и кажавме, а тоа беше за европската иднина на државата која сите ја посакуваме и сите одлуки кои треба да се носат во парламентот со широк општествен и политички консензус. Но, пред се разговаравме за сите оние закони и реформи кои се однесуцваат на владеење на правото, борбата со корупцијата и справувањето со енергетската криза. Во Собранието има над 130 закони, одлуки, регулативи кои се блокирани од неодговорното однесување пред се на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ и разговаравме токму за тоа“, рече Ковачевски.
Премиерот тврди дека не разговарале со Таравари за влез во Владата или за некои ресори во кои би била преземена одговорност.