Ковачевски со Спасовски ја презентираше програмата во Куманово

by fokus

Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва ја презентираше својата програма во Куманово. Тој беше придружуван и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и Андреј Жерновски.

– На средбата каде ја презентирав програмата присуствуваа и наши членови на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. Пред нив истакнав дека на СДСМ му е потребен јасен и фер внатрепартиски систем каде луѓето се почитувани и наградувани согласно придонесот. СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува, а партијата мора да е препознаена преку чесни, посветени и ангажирани луѓе. Посветеноста и одговорноста на секој кој има партиска функција ќе биде единствено мерило за напредок. Јас сум убеден дека ваквиот пристап ќе придонесе за поголема мотивација и ангажман на целото членство на СДСМ, но и поддршка на сите граѓани, порача Ковачевски.

Поврзани новости